ВИДЕО | ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА: Обезбедена „Трикафта“ за 126 пациенти во Македонија

Vecer | 04.11.2026

ВИДЕО | ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА: Обезбедена „Трикафта“ за 126 пациенти во Македонија

Сите пациенти со цистична фиброза во Македонија за кои постои соодветна медицинска индикација ќе имаат пристап до современата модулаторна терапија „Трикафта“, информираат од Клиниката за детски болести.

Станува збор за вкупно 126 пациенти на возраст над две години, кои ги исполнуваат медицинските критериуми за примена на оваа таргетирана терапија.

Од Клиниката посочуваат дека обезбедувањето на лекот претставува значаен напредок во третманот на цистичната фиброза во Македонија и ќе овозможи современ пристап во лекувањето на пациентите кај кои терапијата е медицински оправдана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk