logo
logo
logo

Шокантно! Тоше го славел раѓањето на синот кој никогаш нема да го запознае својот татко во дискотека на смртта!

Vecer | 16.03.2025

Шокантно! Тоше го славел раѓањето на синот кој никогаш нема да го запознае својот татко во дискотека на смртта!

Младиот Тоше Богданов работел како автомеханичар и живеел со сопругата која се породила ноќта пред трагедијата.

Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема“, изјави за Информер извор запознаен со случајот.

Како што веќе напиша Информер, во пожар што избувна во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Истрагата покажа дека објектот бил со големина од околу 400 метри квадратни и имал само два противпожарни апарати, изјави Љупчо Коцевски, јавен обвинител на Северна Македонија.

– Местото е обезбедено, истрагата ќе продолжи утре изутрина и ќе бидат вклучени истражители од Скопје. Засега имам информации дека со осомничените се разговара. Досега на десет лица им е одреден притвор, а дваесет се на распит – објасни јавниот обвинител.

Како што истакна, дискотеката имала две врати, но само една била отворена, додека другите биле со катанец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk