logo
logo
logo

ВЛЕН се уште чека одговор: КОЈА Е ВРСКАТА НА АЛИ АХМЕТИ СО ПРЕДМЕТИТЕ ВО ХАГ?!

Vecer | 27.09.2026

ВЛЕН се уште чека одговор: КОЈА Е ВРСКАТА НА АЛИ АХМЕТИ СО ПРЕДМЕТИТЕ ВО ХАГ?!

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими го споделуваме и го чувствуваме. Без оглед на пресудата, едно нешто не се менува. Војната на Ослободителната војска на Косово беше праведна и ослободителна војна против режимот кој го убиваше, протеруваше и прогонуваше народот на Косово. Оваа вистина ја знае Косово, ја знаат Албанците, а ја знае и меѓународната заедница која интервенираше за да го запре режимот на Милошевиќ.

Но, и од една толку чувствителна тема ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени. Албанците добро ги знаат и знаат дека ништо не оставиле без да го злоупотребат. И таканаречениот марш, по рецепт на ДУИ, се обидуваат да го спакуваат и да го продадат како „надпартиски, реагираат од ВЛЕН“.

Ако навистина сакаат да протестираат за поранешните лидери на ОВК, тогаш протестот би требало да биде токму против ДУИ и улогата на нејзиниот претседател, Али Ахмети.

ОВК не е сопственост на ДУИ и не може да се користи како алиби за да му се измијат гревовите. Затоа, наместо повик за протест, од лобистите за основање на Специјалниот суд денес се бараат јавни одговори.

1. Каков договор бил понуден за возврат на поддршката за основањето на Специјалниот суд?

2. Што содржи досието на Специјализираните совети во Хаг што се однесува на сведочењето на Али Ахмети?

3. Дали Специјализираните совети и „Отворен Балкан“ имаат заеднички именител?

4. Зошто Али Ахмети ја менуваше квалификацијата на својата улога во постапката пред Специјалниот суд, еднаш велејќи дека бил сведок, а другпат дека не бил сведок во постапката?

5. Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

Овие и многу други прашања продолжуваат да тежат врз оние кои не оставиле ништо што не го злоупотребиле, велат од ВЛЕН.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk