Кој прв влезе во односи со Алта банка? Мицкоски со документи ги демантира обвинувањата на СДСМ

Vecer | 11.11.2026

Кој прв влезе во односи со Алта банка? Мицкоски со документи ги демантира обвинувањата на СДСМ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на надзорната расправа во Собранието за Алта банка објави одлука на владата на СДСМ во времето кога премиер беше Димитар Ковачевски, со која се барало влегување во деловни односи со Алта банка. Како членови на Владата, како што посочи Мицкоски, биле половина министри од сегашната пратеничка група на СДСМ.  Мицкоски на седницата покажа официјална одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 2023 година, со која тогашната влада, предводена од СДСМ, дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка.- Мојата теза е следна - дека во 2023 владата на СДСМ и ДУИ донела одлука да го задолжи Државното правобранителство да стапи во комуникација со истото ова лице, Давор Мацура, и со Алта банка во Србија и да влезе во деловни односи со Алта банка. Вашата влада, господиме Венко Филипче, и на ДУИ, на предлог на министерот на ДУИ, Фатмир Бесими, му наложува на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со лицето Давор Мацура, сопственикот на Алта банка во Србија, и да ги оттуѓи акциите во сопственост на Македонија, која ги има во банката што ја купува Давор Мацура, односно Алта банка, така што многу пред да дојде Алта банка во Македонија вие како влада воспоставувате деловни односи со ова лице - рече Мицкоски.Дали, праша Мицкоски, во 2023 година немало руски капитал, немало криминални пари.- Тоа е мојата контратеза на вашата контратеза дека ние сме дозволиле, а во суштина вие многу порано сте знаеле и сте ја довеле државата во деловни односи со ова лице и со неговиот капитал - рече, меѓу другото Мицкоски, одговарајќи на прашања на пратениците Венко Филипче и Бојан Стојановски. Филипче на надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност го праша премиерот Мицкоски да одговори што му кажал на гувернерот Трајко Славески кога му нареди да дозволи влез на Алта банка во Македонија, а потоа постави и дополнително прашање. Филипче посочи дека Мицкоски не може да се дистанцира од одговорноста за случајот со Алта банка, ниту да тврди дека не знаел за кого станува збор, бидејќи уште една година претходно јавно се зборува за банката и нејзиниот сопственик Давор Мацура.Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека претходната влада предводена од СДС уште во 2023 година дала согласност за продажба на акции во тогашната Стопанска банка АД Битола.- Сведоци сме на серија политички обвинувања од СДС и пратеникот Венко Филипче, кои настојуваат целокупната одговорност за случувањата со Алта банка да ѝ ја припишат на актуелната Влада. Нешто што можевме да го слушнеме во изминатите 120 секунди. Меѓутоа, постои официјална одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 2023 година, со која тогашната влада предводена од СДС дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk