Шокантни видеа од Инстаграм откриваат дека младичот осомничен за смртната сообраќајна несреќа во Капиштец и претходно се фалел со опасно и непрописно возење, додека по него е распишана меѓународна потерница.
Тинејџерот Саит Саитов и претходно управувал возило непрописно, а дел од тие моменти ги објавувал на социјалната мрежа Инстаграм. Од содржините на неговиот профил може да се забележи дека уште на 17-годишна возраст возел над дозволената брзина со возило „пасат“, при што редовно се снимал и објавувал видеа од таквото возење.
Истото возило „фолксваген пасат“ со кое објавувал видеа од брзо и непрописно возење било инволвирано и во трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Љуба Јаковлеска. По несреќата, осомничениот го напуштил местото на настанот и се наоѓа во бегство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата