Во Македонија постои двонационална ралност, албанска и македонска реалност и затоа ние бараме бараме институциите да функционираат на два јазика, вели Зијадин Села во интервју за локалниот медиум на албански јазик Полог њуз.
– Албанците не можат да бидат третирани како малцинство, тие се автохтон народ, кој учествува со повеќе од една третина во вкупното население. Албанците имаат капацитети да водат војна, или да ја дестабилизираат државата, но и да ја одржуваат Македонија како стабилна. Без Албанците таа не може да има перспектива, ниту иднина, изјави Села како лидер на Албанско движење, новооснованата партија на Албанците во Македонија.
Според Села, Албанците во Македонија „имаат непријател, кој сака да ги држи да не бидат слободни, туку угнетени“.
– Тој непријател настојува секој ден да нѐ прави како граѓани од втор, или трет ред. Нашиот главен политички непријател се оние од македонскиот политички блок, кои ја оневозможуваат нашата рамноправност и кои нѐ спречуваат да го земеме она, што ни припаѓа нам, вели Села.
Како што информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, преку тоа интервју Села упатил повик до албанските лидери за седнување на „заедничка маса“, заради „продолжување на соработката“.
– Ги поканувам лидерите на албанските парламентарни партии да ја свикаат заедничката маса, бидејќи имаме многу важни теми за дискусија. Им оставам на поголемите партии да организираат, нагласува Села во интервјуто.
Тој ја истакна „итната потреба од координација“, наведувајќи дека „моментната ситуација бара директна комуникација меѓу албанските политички сили во Македонија“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата