Нова застрашувачка слика за човечката негрижа повторно излезе на површина откако храбрите нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб, извлекувајќи шокантни количини фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и секаков вид цврст отпад!
Акцијата, која е финансиски поддржана од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, веќе прераснува во жалосна традиција која само потсетува на суровата вистина: и покрај постојаните чистења, дното на нашето најстаро и непроценливо европско езеро продолжува да се полни со ѓубре.
Иако нуркачите редовно спасуваат делови од екосистемот богат со ендемични видови, експертите предупредуваат дека повременото вадење на отпад од водата не ја решава српштината на проблемот доколку не се воведе строга превенција и драстични казни за сите несовесни граѓани и посетители кои го третираат Охридското Езеро како обична депонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата