ОД „МАШКИ НАДЗОР“ ДО МПЦ - Богоејски ги повтори ставовите и ја прозва Црквата

Vecer | 04.11.2026

ОД „МАШКИ НАДЗОР“ ДО МПЦ - Богоејски ги повтори ставовите и ја прозва Црквата

По реакциите во јавноста за неговите изјави поврзани со наводната потреба од „машки надзор“ и контрола врз жените, Петар Богојески со ново видеообраќање во кое останува на своите ставови:

„Во врска со изјавата за машка контрола на жената, останувам на тоа дека на секоја жена ѝ е потребна машка поддршка, а на секој маж му е потребна женска нега. Традиционалното семејство е тоа кое што ќе ја спаси нацијата“, порача Богојески.

За реакциите од жени кои ги критикуваа неговите претходни изјави, вели дека разбира зошто се почувствувале загрозени, но дека реагирале емотивно.

Тој одговори и на критиките кои дојдоа од страна на лица од машки род:

„Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани?

Вие што мислите попаметни сте од нашиве соседи Албанциве што имаат контрола врз жените и што не ги пуштаат нивните жени да се брукаат по кафаниве и улициве во Скопје? Што мислите Албанциве не знаат што прават?

Ние сме нешто многу модерни, европејски организирани или определени. Свесни сте дека го распаднавме сиот морален и вредносен систем во земјава и ќе ја распаднеме нацијата и ќе исчезнеме од овие помодарства“, вели Богојески.

Во видеообраќањето тој побара Македонската православна црква (МПЦ) да се вклучи во јавната дебата и да го соопшти својот став, тврдејќи дека вредностите за кои зборува се засновани на Библијата и христијанското учење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk