МАЛОЛЕТНИЦИ ПОВТОРНО НАПАДНАА ВО СКОПЈЕ - Крвава пресметка во Аеродом

Vecer | 02.11.2026

МАЛОЛЕТНИЦИ ПОВТОРНО НАПАДНАА ВО СКОПЈЕ - Крвава пресметка во Аеродом

Нов застрашувачки инцидент на малолетничко насилство го вознемири Скопје откако банди од тинејџери повторно влегоа во крвав пресметка, овој пат на територијата на општина Аеродром!

Според официјалните информации од СВР Скопје, вчера 49-годишна преплашена мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син и двајца негови другари биле брутално физички нападнати во доцните вечерни часови. Крвавиот инцидент се случил во саботата вечерта, околу 21:45 часот, кога трите момчиња биле опколени од група насилници, од кои некои им биле и претходно познати.

Причините за оваа дива тепачка сè уште не се познати, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека веќе интензивно се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и санкционирање на сите малолетни учесници во овој напад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk