Автомобил со бугарски регистарски таблички утрово се превртел на превојот Плетвар.
Несреќата се случила на патниот правец Прилеп – Градско, кај селото Ракле, а локалниот портал „Маркулеле“ сподели снимки од местото на настанот.
Засега не се познати причините за несреќата, ниту има официјални информации дали возачот или некој од патниците е повреден. Повеќе детали се очекуваат од надлежните служби.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата