Бојан Јовановски, познат како Боки 13, соопшти дека Апелациониот суд Скопје ја преиначил првостепената осудителна пресуда и донел ослободителна пресуда за него и за останатите обвинети во предметот „Меѓународен сојуз“.
Во објавата на социјалните мрежи, Јовановски наведува дека по седум години е ослободен од сите обвиненија. Тој ја поздрави одлуката и порача дека со неа, според него, е ставен крај на неправдата со која се соочувале тој и неговото семејство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата