logo
logo
logo

Анализа

А КАДЕ Е ДЕНОВИВЕ ФИЛИПЧЕ? Со Кавачки клан на средување на сметките или на концерт на Харис

Vecer | 01.05.2026

А КАДЕ Е ДЕНОВИВЕ ФИЛИПЧЕ? Со Кавачки клан на средување на сметките или на концерт на Харис

На обичен набљудувач на политичките настани во Македонија се уште му е нејасно зошто и како сегашното раководство на СДСМ душмански ја растура сопствената партија. Дали е тоа за интерес на мафијата во партијата која се плаши од внатрешен преврат или се работи за досега невиден аматеризам и политичка неписменост? 

Одговор на оваа дилема најверијатно е збир на двете ватијанти.

Венко Филипче и дојденците во партијата од врвот на раководството како Андреј Жерновски и Фани Каранфиловска не се воопшто присутни во македонската политика. Тие се фокусирани на соработка со српската опозиција од каде добиват логистика и насоки и секој втор прес и соопоштение им е поврзано со напади врз српскиот претседател Александар Вучиќ само патем поврзувајќи го него со сегашната македонска власт за да се добие пофалба од европските либерали од кои и граѓаните на ЕУ на избори се откажуваат и побара помош од нив за поддршка на СДСМ во соборување на владата на Христијан Мицкоски

Единствената политичка понуда од СДСМ до европските либерали е: помогнете да ја собориме владата на Мицкоски и ние ќе ги испорачаме бугарските услови. Но, тие услови не се прифатливи за Македонците и тука настанува конфликт и блокада на СДСМ.

Дали е тоа од интерес за македонскиот стандард, безбедност, енергетика, здравство, правна држава и образование? Какво позитивно влијание има таа спотер политика на СДСМ врз македонските прилики и животот на македонските граѓани? Никакво. Одработуавње за трет на своја штета. 

СДСМ беше партнер на Александар Вучиќ за цело време на своето владеење. Да потсетиме, Заев и СДСМ, за време на неговиот мандат и потоа, го туркаа српскиот Телеком за трет мобилен оператор во Македонија. Се наплатија дебело за тој рпоцес но - не го испорачаа. 

СДСМ и Вучиќ градеа концепт Опен Балкан според кој се планираше економска унија на Македонија, Албанија и Србија со план за приклучување на Црна Гора и Босна, концепт - сите Срби и сите Албанци заедно во еден економски простор.

СДСМ издаде околу 200 пасоши, државен фалсификат, на меѓународни криминалци од Србија, Црна Гора и Косово со што Македонија стана покровител и заштитник на балканската мафија, а Заев и партиската мафија таа соработка со балканските дилери ја наплатија за себе преку издавање лиценци за плантажи со марихуана.

Заев и Филипче се “преиграа“, од посакуваната соработка со Вучиќ не видоа доволно заработка, земаа а не испорачаа што содаде тезии, но видоа дека со мафијата од Црна Гора, Косово и Србија се заработува повеќе и ја одбраа таа страна. И ментално и политички тие им се поблиски.

Таа мафијашка српска и балканска соработка со Заев и Филипче загуби на изборите. И во Македонија, а загуби и во Србија. За поразот во кланот на Заев и Филипче жалат и плачат и бараат виновници, бараат враќање на претходната состојба. Бараат смена на Мицкоски и Вучиќ и во тоа се поддржани од балканската мафија која во нив гледа дел од својот тим.

Дали е случајно што протестите на “студентите“ во Србија беа финансиски и оперативно поддржани од црногорскиот Кавачки клан кој оперира низ Европа со македонските пасоши издадени од Оливр Спасовски? Дали е случајно што лидерите на српската опозиција кои соработуваат со Кавачки клан се ментори на Венко Филипче и СДСМ за во Македонија да се создава амбиент како што го создаваа, неуспешно, десет месеци во Србија?

На тие насилни протести во Србија, заедно со Кавачки клан, учествуваа и десетици од “невладиниот сектор“ на СДСМ. Беа на обука и практична настава. И требаат ли на Македонија слики и снимки на палења, тепања, пукања какви што десет месеци гледавме во Србија? 

Дали и за која цел таа српска опозиција и Кавачки клан регрутираа последниве година дена дваесеттина млади од Македонија за обука во Србија. Обука за насилни активности, бомбашки акции и пукање при пто едно од тие млади лица загина од бомба, две лица се во бегство по обид за атентат врз еден белградски адвокат и врз црногорски припадник на спротиставениот мафијашки клан.

По извршената обука на тие млади до Макеоднија нивна задача е да се вратат и внесат насилен елемент во македонското општество и политика - за потреби на СДСМ, партнерот на мафијашките кланови. Тоа ли е “новата политика“ на СДСМ? Да - тоа е.

Таа “нова политика“ на Заев и Филипче наиде на отпор и во самата партија. Ниту еден угледен член на СДСМ не ја прифати. Сите кои дале барем изјава против таа “нова“ пробугарска и мафијашка “политика“ Филипче ги прогласи за предавници и, во недостаток на угеледни имиња во партијата во раководтсвото наметна страно тело: пропаднати лидери на партиските “невладини“ организации и шкартот од други партии како Андреј Жерновски.

Денес СДСМ - не е СДСМ. Политичката партија под тоа име не постои, наративот кој некогаш беше СДСМ е преселен и го има кај ЗНАМ. Според политички, интелектуален и стручен капацитет ЗНАМ е институција за “шареното“ друштво и мафијата која е влезена во СДСМ. 

И Филипче не се ни труди да го сокрие тоа. Напротив. Тој со Заев тера лични бизниси и естрада. Од носител на златна бизнис виза од Арапските Емирати не се ни очекува политика. Нема ниту еден политички лидер во Европа, од Казахстан до Исланд, кој е носител на арапска златна бизнис виза а да го прифатила јавноста како сериозен политичар. 

И на Први Мај, денот на работниците, лидерот на начелно социјалната партија СДСМ замина на шопинг и забава. Уште во четврток, да ја избегне гужвата, во 14:52 одлета за Франкфурт, а каде понатаму - е небитно. Битно е дека повторно не е тука, со гласачите. Очекувајте да видите нови слики на Филипче во скапи хотели, јахти, уште поскап шопинг или турбо забава. 

„Венко Филипче повторно се изгуби од јавноста. По денови и денови со секојдневни прес-конференции и јавни настапи, со критики за се и сешто, токму во моментот кога требаше да зборува од собраниската говорница, да испрати аргументирана критика и издржани прашања до претставниците на власта, Филипче повторно избега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

А потоа следат нови партиски соопштенија, клевети, следат “стручни“ анализи на извесен анонимус Кузевска и пропаднатиот политички дојденец Андреј Жерновски како во Македонија нема демократија и мора итно да се прифати бугарското вето, а тоа го можат само тие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk