logo
logo
logo

НАШАТА ГЕОГРАФИЈА Е НАША ПРЕДНОСТ - Истакна премиерот Мицкоски од ОН

Vecer | 28.09.2026

НАШАТА ГЕОГРАФИЈА Е НАША ПРЕДНОСТ - Истакна премиерот Мицкоски од ОН

Во новите геополитички околности, државите повеќе не се раководат само од тоа каде одреден производ може да се произведе најевтино. Сè поважно станува прашањето кому може да му се верува, дали енергијата ќе биде достапна во време на криза и кој ќе ги поставува правилата за функционирањето на новите технологии, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Според него, иднината ќе зависи и од способноста на општествата навреме да ги разберат и да управуваат со промените што ги носи технологијата.

„Вештачката интелигенција повеќе не е тема на иднината. Таа е инфраструктура на сегашноста“ – нагласи премиерот.

Тој посочи дека светот повторно ја препознава вредноста на отпорноста, сигурното снабдување со енергија, квалитетната инфраструктура, разновидните транспортни правци и блиските и доверливи синџири на снабдување.

Во тој контекст, премиерот го издвои интензивниот развој на коридорите 8 и 10 како дел од пошироката европска визија за инфраструктурно и економско поврзување.

Целта е подобро да се поврзат Јадранското, Црното и Егејското Море со Централна Европа и да се обезбедат повеќе и посигурни патишта за движење на стоките, енергијата и луѓето. Со развојот на овие коридори регионот треба да стане инфраструктурно поврзан и да престане да биде третиран како геополитичка периферија.

“Нашата географија не мора да биде наша судбина. Таа може да стане наша предност“ – порача претседателот на Владата.

За тоа да се оствари, потребно е да се изградат институции и инфраструктура што ќе ја претворат географската положба на Македонија во вистинска регионална и европска поврзаност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk