logo
logo
logo

ДВА ПАТИ ЛЕТАЛ СО 170 КМ/Ч НА ДОЗВОЛЕНИ 80КМ/Ч: Сејф Сити го снимил уапсен е на Табановце

Vecer | 30.08.2026

ДВА ПАТИ ЛЕТАЛ СО 170 КМ/Ч НА ДОЗВОЛЕНИ 80КМ/Ч: Сејф Сити го снимил уапсен е на Табановце

Триесет и четиригодишен државјанин на Србија е приведен на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека летово двапати возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

Според МВР, Д.П. бил лишен од слобода синоќа во 23:20 часот, на излез од државата. При проверка на „шкода“ со српски регистарски ознаки, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека во два наврати бил евидентиран за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Првиот случај бил регистриран на 22 јули на автопатот А1 во близина на Демир Капија, кога возел со 163 километри на час на делница каде ограничувањето е 80 километри на час.

На истата делница, на 20 август, повторно бил снимен како вози со 169 километри на час, повторно на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По приведувањето, српскиот државјанин бил спроведен во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk