Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од запишаните во Избирачкиот список, го оствариле правото на глас до 15 часот на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.
На прес-конференција, од ДИК информираа дека податоците се добиени од сите 24 избирачки места и дека гласањето се одвива непречено и без проблеми.
Во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, одѕивот до 15 часот е повисок за 9,32 процентни поени. Во истиот временски пресек во првиот круг гласале 5.064 избирачи или 31,17 отсто.
Најголем одѕив е регистриран на избирачкото место 2044, каде до 15 часот гласале 72,12 отсто од запишаните избирачи, додека најмал на избирачкото место 2036 со 19,25 отсто.
Во однос на заштитата на избирачкото право, до ДИК биле поднесени три приговори. Во два случаи приговорите биле усвоени и на гласачите им било овозможено да гласаат, додека еден приговор сè уште бил во постапка на обработка.
Од Комисијата најавија дека следниот пресек за одѕивот и текот на гласањето ќе биде соопштен на прес-конференција закажана за 18:30 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата