Гувернерот на Народната банка на Македонија (НБМ), Трајко Славески, одржа прес конференција во врска со состојбата на Алта банка Битола.
Славески, прилично конкретно и прецизно оговори на сите битни прашња кои се од интеерс за јавноста и штедачите во банката. Соопштено е следното:
- Во Алта банка Битола, согласно законот, се одзема право на глас на доминантниот сопственик на акциите Алта Груп (Банка) Белград и се поставуваат тројца администартори од НБМ кои ќе ги управуваат.
- Лицата кои имаат свои лични депозити ќе можат да повлекуваат од банката до 10.000 денари неделно. Лица или фирми кои имаат сметки во оваа банка ќе можат да плаќаат еднои кон други, доколку и двете страни имаат сметки во Алта банка Битола, во неограничен износ.
Ова значи дека целта е да останат парите кај банката, да не се прелеваат кон други банки во Македонија или во странство.
- Се забранува, замрзува, отуѓување на имот и средства на банката во време на оваа привремена мерка за да се заштити ликвидноста на Алта банка Битола.
- Оваа привремена мерка може да трае до најмногу 180 дена но, Славески три пати нагласи дека очекува да заврши многу порано.
- Гувернерот најави дека ќе следи промена на сопственост на Алта банка Битола и веќе има 4-5 заинтересирани да ги купат/преземат акциите на Алта банка Белград. Доколку сопственикот на доминантниот број акции Алта банка Београд (95%) истите не ги продаде на друг субјект (банка), продажбата согласно закон ќе ја изврши Народна банка на Македонија.
- Алта банка Битола е ликвидна и нема проблеми со стабилноста на парите и деловноста.
Славески ги демантираше шпекулациите дека псоледниве десетина дена, колку што се зборува за случајот, имало значителни милионски приливи или одливи од Алта банка Битола, особено не во врска со акцуионерот Алта банка Београд.
Славески, исто така, објасни и демантира дека Алта Банка Београд била одбиена од процес на купување удели во автсриска Адико банка поради сомнителност на Алта банка Београд туку пречката била административна. Купувањето во Австрија било заедничко со Рајфајзен банка која имала веќе деловна поврзаност со Адико банка Австрија што е вистинската причина зошто тој процес бил запрен.
Со ова, на време и конкретно, запрени се сие шпекулации кои опозицијата два дена ги шири во јавноста, создава загриженост и страв кај штедачите и деловни партнери на Алта банка Битола и недоверба во македонските институции.
Парите се безбедни, се чека во најкус можен рок нов сопственик на Алта банка Битола.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата