Мобилниот тим „Task Force“ при РЦ за ГР – Исток пронајде дрога и лиши од слобода две лица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
‒ Синоќа во 21:05 часот на стариот пат село Тработивиште – Делчево, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force” од РЦ за ГР – Исток ги лишија од слобода 29-годишното лице Д.К. од делчевско село и У.А., на возраст од 26 години, од село во делчевскиот регион. При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф” со делчевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Лицата се задржани во ОВР – Делчево и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата