logo
logo
logo

Ова може да се очекува на изборите: ВМРО ДПМНЕ ПОВЕЌЕ ОД ДУПЛО ПРЕД СДСМ, ВЛЕН И ДУИ СО СЛИЧНИ ШАНСИ

Vecer | 15.09.2025

Ова може да се очекува на изборите: ВМРО ДПМНЕ ПОВЕЌЕ ОД ДУПЛО ПРЕД СДСМ, ВЛЕН И ДУИ СО СЛИЧНИ ШАНСИ

Во најновото истражување на јавното мислење, спроведено телефонски на 1126 испитаници во септември и објавено вечерва на јавниот сервис, се бележи јасна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во пресрет на локалните избори.

На прашањето за која советничка листа би гласале, 27,1% од анкетираните се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ добила поддршка од 10,5%. Зад нив следуваат ДУИ со 9,6%, коалицијата ВРЕДИ со 8,6%, Левица со 5,9% и ЗНАМ со 4%.

Кога се прашани која партија очекуваат да победи на изборите, 29,8% одговориле ВМРО-ДПМНЕ, а само 8,5% сметаат дека тоа ќе биде СДСМ.

Истражувањето открива и друг важен момент – за мнозинството гласачи одлучувачки фактор е личноста на кандидатот, а не неговата партиска припадност. Дури 62,2% одговориле дека ќе се водат според карактерот и квалитетите на кандидатот, додека 24,5% рекле дека им е поважна партијата.

Во однос на излезноста, половина од гласачите најавиле дека сигурно или најверојатно ќе гласаат.

Конкретно, 40,5% потврдиле дека со сигурност ќе излезат на избори, а 10,4% дека најверојатно ќе го сторат тоа. Од друга страна, 19,4% рекле дека нема да гласаат, а 24,7% останале неодлучни или без одговор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk