Денеска многу подобро се живее, од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес, ова е порака на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на прашањето дека опозицијата забележува оти растот на Бруто домашниот производ (БДП) е недоволен.
Премиерот Мицкоски истакна дека понекогаш не сака да коментира она што го споменува опозицијата, бидејќи како што рече „тоа што го кажува е целосна невистина и неаргументирана изјава, се разбира“.
„Во случајов можам само да кажам дека имајќи предвид каква беше состојбата во државата пред 25-6 месеци, она кое што го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани, можам да кажам дека колку и да сакаат тие да го оцрнат тоа што денес оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес-изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски порача дека тоа е целта на Владата и се мотиварни да испорачуваат проекти, инвестиции, што граѓаните можат да ги видат, а кои што придонесува за подобар стандард и живот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата