logo
logo
logo

Николоски со адмиралот Џорџ Викоф - КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ НАШ НАЈВАЖЕН ГЕОСТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТ

Vecer | 10.09.2026

Николоски со адмиралот Џорџ Викоф - КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ НАШ НАЈВАЖЕН ГЕОСТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТ

Делегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples - JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата.

Во рамки на посетата заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски остварив средба со адмиралот Викоф, објави на својот ФБ профил, вицепремирот и министер за транспорт Александар Николоски. Во објавата, тој понатаму додаде: 

„На средбите се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, постигнувањето на НАТО целите на способност, можностите за реализација на вежбовни активности на македонска територија, како и унапредување на интероперабилноста и натамошното зајакнување на соработката во рамки на Алијансата.

Дополнително адмиралот Викоф беше информиран и за можностите кои ги нуди нашата земја, како држава во регионот која претставува географска раскрсница на повеќе транспортни коридори, а Армијата има важна улога во остварувањето на мобилноста, брзината, иницијативата, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата.

Во рамките на посетата адмиралот Викоф ја истакна посветеноста на нашата држава како активен придонесувач во зачувувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, нагласувајќи ја професионалноста и придонесот на македонската Армија во активности предводени од НАТО.На средбите беше потврдена и важноста од заеднички и координиран пристап во рамките на Алијансата во справување со современите безбедносни предизвици.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk