Полицијата вчера повторно ја привела Стојна Димитровска Бот, жената која наплаќаше влез во јавниот локалитет Куклица.
Како што наведува полицијата, С.Д.Б.(41) од Кратово била лишена од слобода на 27.10.2026 во 11:30 часот.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во локалитет „Камени кукли“, таа се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје.
Против Стојна Димитровска Бот се водат повеќе судски постапки поврзани со локалитетот „Куклица“, а Основниот суд во Кратово ѝ изрече забрана да го посетува заштитениот локалитет.
На 4 август 2026 година, по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на Стојна Димитровска Бот ѝ беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Оваа мерка беше изречена откако таа континуирано ги кршеше претходните забрани, а при последниот инцидент на почетокот на август физички нападна туристи и полициски службеници кои се обидоа да ја легитимират.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата