logo
logo
logo

Вечер Анализа

КАКО ЕВРОПА ТОНЕ ВО “ОБОЕНИ РЕВОЛУЦИИ“: Зошто, за кого, и што е следно

Vecer | 21.10.2026

КАКО ЕВРОПА ТОНЕ ВО “ОБОЕНИ РЕВОЛУЦИИ“: Зошто, за кого, и што е следно

Големи протести се проширија низ Европа, со стотици илјади луѓе кои излегоа на улиците на десетици градови низ целиот континент. Првите демонстрации започнаа во Франција минатиот месец, а немирите оттогаш се проширија во шест земји.

Иако постојат одредени вообичаени причини за незадоволство, особено трошоците за живот, губењето работни места и намалувањњто на социјалната помош поради падот на европската индустриска и економска конкурентност во светот, проблемите и самите протести можат многу да варираат во зависност од тоа каде се одржуваат протестите.

Но, од образвони со ученици и студенти протестите набргу станаа насилни, хорди разбојници ги ограбуваа продавниците, ги напаѓаа граѓаните и уриваа јавен имот. Во некои делови од Париз, Лил и други поголеми градови во Франција, беше воведен полициски час откако некои собири станаа насилни.

Полицијата уапси над 1.000 луѓе, додека беа регистрирани грабежи и голема материјална штета на деловни објекти и јавни згради и повреди на граѓани од страна на насилниците. Аналитичарите сега предупредуваат дека незадоволството може да се прошири и во други земји во наредните недели.

Зошто луѓето протестираат?

Демонстрациите може да се следат од 17 септември, кога наставниците во средно училиште на југоистокот на Париз протестираа поради недостаток на персонал. Потоа им се придружија учениците, а немирите наскоро се проширија и во други училишта низ целата земја.

Тоа беа легитимни протести со конкретна цел и барања за кои одлучува власта. Но, последнава деценија таквите “ученичко студентски протести“ по правило завршуваат со трансформација во судири, насилства и огромни штети од личен и јавен карактер побивијаќи и негирајќи ги целосно првичните “образовни“ најави за незадоволство.

Она што започна како протест за образованието се прошири во општи проблеми поврзани со трошоците за живот, економијата и енергтетско-финансискиот колапс кој се случува во Фрнација како и намалувањата во јавниот сектор (помеѓу останатото и мал број наставници) за кој нема интерес поради малите плати.

Демонстрациите во Франција станаа сè понасилни, со стотици илјади луѓе кои излегоа на улиците низ целата земја во текот на викендот и никој не можеше да дефинира нивна заедничка цел: кој и за што конкретно всушност протестираа и демонстрираа?

Заедничко беше само дека “протестите“ на сите места завршуваа со масовно крадење, кршење, ограбоување и палење јавен и туѓ имот. Во некои области, продавниците беа ограбени, додека историските згради беа вандализирани, па дури и запалени.

Палењето на стара, вредна историска зграда на градската управа во Лимож (од насловната фотографија), на пример, не може да се поврзе со ниту една допирна точка за решавање на “незадоволство на ученици во Париз или Лион поради малиот број на наставниции немање доволно еркодишни во училниците“. Тоа е свесен удар врз нацијата, државата и културата на Франција. Провокација за многу повеќе од тоа.

Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди „неконтролирано насилство“ во телевизиско обраќање во неделата навечер и ги обвини радикалните левичарски вандали дека преземаат движење родено од легитимни причини за незадоволство.

“Потписот“ на радикалната левица навистина беше јасен во Франција. Протестите на левичарите, познати како “обоени револуции“ започнуваат редовно од  “студентски и ученички проблеми“ или од еколошки мотиви.

Општи теми, протести без познато лидерство и секогаш без познати конректни барања за да се мотивира секој што има своја, лична, било каква причина да им се придружи. Следи хаос и уривање, а потоа барање за смена на власта. Ние на Балканот го гледаме лично тоа со години и го препознаваме повеќе од Французите или Италијаните. 

Но, ако се погледнат фотографиите и снимките од проестите на кои, по правило и речиси без исклучок, се гледаа насилства и грабежи, тепачки со полицијата тешко дека можеше да се  забележи политичка идеологија. И левичарите и државата ја загубија контролата под напад на екстремните мигранти. Постоеше само гнев, таргетирање бутици за ограбување, секој со свои цели излезен на улица, без јасна заедничка платформа, без координирани и јасни барања... Накусо, хаос без контрола од кој настрадаа - сите.

отести, Шпанија
отести, Шпанија

Отприлика во исто време кога започнаа протестите во Франција, луѓето во Мадрид почнаа да демонстрираат од сосема други цели. Овојпат, за разлика од повеќето протести, не започнуваа како “ученичко-студентски“ туку имаа конкретен фокус - заштита на граѓаните од градежната мафија и се поголемите цени на станови и кирии откако една постара жена беше избркана од нејзиниот дом во кој живееше 70 години откако инвестициска компанија ѝ ја зголеми киријата за 230 проценти.

Марикармен Абаскал (87) почина во болница две недели откако беше насилно отстранета од нејзиниот стан.

Немирите се проширија и протестни собири се одржуваат во неколку земји. Следните се местата и датумите кога беа регистрирани првите демонстрации: Франција (17 септември), Шпанија (26 септември), Белгија (1 октомври), Италија (5 октомври), Португалија (10 октомври), Албанија (12 октомври).

Како се најдовме во оваа ситуација?

Франција е во големи проблеми, многу поголеми од немање доволно наставници. Има јавен долг од 120% од буџетот и многу тешка состојба во економијата и индустријата. Државата е без пари, продава обврзници со се поголема камата, патем празнејќи го буџетот за исплата на старите долгови и новите камати.  Оваа година, Фрнација ќе потроши повеќе за сервисирање на долгот отколку за одбрана или образование.

Франција има втора најголема економија во Еврозоната. Но тоа е и причина повеќе, и потежок земјотерс кога таква економска сила ќе се заниша. А во момнетов е занишана сериозно. Владата се соочува со висок јавен долг, голем буџетски дефицит и растечки трошоци за позајмување.

Франција годинава има инфлација од 3,5%, веднаш до неа се Шпанија (5,0%) и Италија (4,1%). Случајно или не, токму во овие три држави имаше и најголеми протести. Во 2024-та Франција имаше инфлација од 2%, а во 2025-та само 1%.

Левичарите кои, според Макрон, стојат зад демонстрациите, не излегоа со понуда за намалување на инфлацијата и подобрување на буџетот. Стандардно, како и во секоја “обоена револуција“ излегоа со хаос и повик - сите кои сте незадовлни од било што дојдете со нас, после ќе видиме што и како понатаму. Најнезадоволни беа љубителите на лусузна гардероба, скапи часовници, накит и слично, и влегоа во бутиците. 

Иако почетните “хумани“ мотиви на левичарите, образованието како општа тема, беа повик за сите кои од било што се незадоволни да им се придружат, без притоа да се понудат конкретни барања и решенија, зад сите протести во Франција, Италија и Шпанија стојат две заеднички теми: загрозен комодитет на потрошувачки интензивното општество и пропаѓање на индустријата заради скапата енергија по војната во Украина и финансирање брзо растечките трошоци за воена индустрија и Киев во војната, а тоа се пари кои претходно се користеа за социјална поддршка на граѓаните и економска поддршка на домашните компании и земејоделието -  што завршува со губење работни места и, втор заеднички елемент - протести против масовната неконтролирана миграција.

Случајно или не, во сите тие три држави наскоро следат - избори. Во Франција изборите се во април 2007. Во Шпанија, наскоро, на 29 ноември, а во Италија се очекувани на пролет во 2027 но, најдоцна до декември 2027 година.

Значи, во сите три држави со протестите изборите се или за месец-два или во текот на наредната година. Невозможно е да не се поврзат изборите со вакви демонстрации.

Во Франција почна, а потоа?

Влијанието на демонстрациите навистина зависи од тоа каде се наоѓате. Во Франција, официјални лица во Париз во понеделникот ги охрабрија своите регионални колеги да воведат полициски час. За стара и силна демократија воведување полициски час е признание дека системот не може да се брани и одбрани во редовни услови. Значи пораз. 

Институтот за истражување на јавното мислење Ipsos BVA-CESI објави анкета за весникот La Tribune Dimanche спроведена на 7 и 8 октомври 2026 година. Резултатите покажуваат: Само 15% од испитаниците моментално ја одобруваат работата на претседателот Макрон. Дури 82% од француските граѓани имаат негативно мислење за неговата работа.

Во поголемите држави од ЕУ само германскиот канцелар има помала поддршка од Макрон. Фроидрих Мерц има поддршка од само 12% од граѓаните. 

На следните претседаталски избори Макрон не може да учествува по трет пат и неговата власт завршува. Левицата, која Макрон ја обвинува за протестите, има свој кандидат, Жан-Лик Меланшон кој во октомври има поддршка од 16,5% но, многу помалку од десничарската кандидатка Марин Ле Пен со поддршка од 36%. Протестите на левицата само нему можат да му подигнат рејтинг. Ле Пен ги осуди демонстрациите и протестите како удар врз државата.

Во меѓувреме, Шпанија се приближува кон предвремени избори на 29 ноември, свикани од премиерот Педро Санчез кратко откако пратениците ги отфрлија реформите за домување насочени кон ограничување на јавниот протест што тој ги предложи.

Минатиот викенд се одржаа протести во Италија, а најжестоките беа во Милано, каде што владата на премиерката Џорџа Мелони одлучи да испрати 500 војници по немирите за време на кои беа ограбени неколку продавници.

И во Италија протестите почнаа по стандардна шема на “обоените револуции“, поради “проблеми во обарзованието“, а продолжија со насилства, ограбување бутици, палестински знамиња од една и барање за депоратција на мигрантите од друга страна.

Патем, се приклучија и протести против високите кирии, скапиот безнин и комуналии. Еден од главните слогани на студентските протести е „Пари за училишта, а не за војна“, што изразува бунт против државните инвестиции во вооружување на сметка на социјалните бенефиции. За рзлика од Франција, граѓаните во Италија беа конкретни, со појасни барања и со тоа можност да добијат одговор и реакција од владата за проблемите.

За разлика од Франција и Макрон, италијанската премеирка Џорџа Мелони споерд анкетите во октомври годинава има поддршка од граѓаните од 38%. Реагираше брзо и конкртено: каде има насилства излегоа специјланите единици, па и војската, а ако имаше лидери на проетстите со конкретни барања им се даде шанса за преговори. Демонстрациите во Италија, за разлика од Франција, се ставија под контрола.

Проблемите во Албанија се малку поинакви од оние во Западна Европа. Корупцијата во владата е една од главните причини зошто луѓето бараат промени во Тирана, каде што политичарите се обвинети за злоупотреби при одобрување на луксузни крајбрежни проекти поврзани со семејството Трамп.

Што би можело да се случи следно?

Во Франција, владата одржа кризни разговори, а во делови од Париз и неколку други градови беше воведен полициски час. Ова се случи откако демонстрантите најавија дека ќе ги ескалираат своите акции во наредните денови.

Земјата е помалку од шест месеци од претседателските избори, а политичките партии се обвинуваат меѓусебно за поттикнување насилство.

На пример, лидерката на десницата Марин Ле Пен директно ја обвини владата, опишувајќи ја Франција како „заробена, дури и заложничка, помеѓу насилството и беспомошноста“.

Всушност, Европа се движи кон она што некои експерти го опишаа како „суперциклус“ на национални избори, што би можело да ги поттикне тензиите додека повеќе земји се упатуваат кон гласачките места во следните 12 месеци.

Во меѓувреме, во Албанија, премиерот Еди Рама најави дека ќе остане на функцијата и покрај повиците за негова оставка, па затоа протестите што ја оптоварија полицијата веројатно повторно ќе се разгорат.

Владите во Италија, Португалија и Белгија го осудија растечкото насилство и не понудија отстапки.

Помали демонстрации се пријавени и во Австрија, Ирска и Германија во последните недели, додека во Грција протести се најавени за наредните денови.

А состојбите не ветуваат подобри денови. Инфлацијата во европските водечки држави е поголема од инфлациата на државите во нашиот регион. Во септември Германија имаше ифлација 3,3%, а Италија 4,2%. За европски стандарди тоа се високи бројки. Експертите главната причина ја гледаат во енергетската криза и губењето технолошки предности во однос на САД и Кина. Европа не е веќе конкурентна во Светот.

Наставата во школите и наставниците се веројатно најмали проблеми во Европа денес. Но, добра тема за почеток на левичарските протести. За главните проблеми, затворени сите пристапи до поефтин гас и нафта се теми за кои владите не се обидуваат ни да дискутираат бидејќи се врзани со интересите на воената индустрија.

Раст на БДП во ЕУ, проекции за 2026-та
Раст на БДП во ЕУ, проекции за 2026-та

Растот на економоијата, на БДП во 2026-та во Македонија (4,3%), Србија (3,8%) или Црна Гора (3,0%) е поголем од сите водечки држави во ЕУ. Во 2026 Германија има раст на БДП од само 1,2%, Италија 1,0%, Шпанија 2,6%, Велика Британија 0,8%... САД 2,3%, Кина 4,55, Русија во војна 1%, Индија со неверојатен раст на БДП во 2026-та од 7,8%...

Во Германија се распаѓа клучната индустрија, автоиндустријата која најавува над 400.000 откази до крајот на идната година и енергетски систем под удар на левичарските еколози кои успејаа да издејствуваат затворање нуклеарни централи а не дадоа алтернативи, и ја чека зимата со најмалку резерви на гас последниве десет години. 

Тоа е Европа денес. Кризата ја создадоа левичарите со “обоени револуции“, зелените екологии и уривање на семејните вредности кои создадоа бракови без деца и држави без млада работна сила, со паралелна поддршка на масовни миграции. Но, и војни по секоја цена.

Сега истите тие, чија политика веќе губи поддршка насекаде, создаваат хаос низ Европа со нивните “обоени револуции“. Се обидуваат да преживеат на сцената и да ја избришат колективната меморија за нивната политика, да опстанат како битен фактор во определување кој ќе биде власт, и тој да им биде во функција на нивната идеологија.

ДПЛ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk