ПРЕЗЕМЕТЕ m.Uslugi - Апликацијата е ДОСТАПНА ЗА АНДРОИД И IOS

Vecer | 28.10.2026

ПРЕЗЕМЕТЕ m.Uslugi - Апликацијата е ДОСТАПНА ЗА АНДРОИД И IOS

Мобилната апликација m.Uslugi е активна и е достапна за сите корисници на Андроид и на IOS уредите. Достапни се три електронски услуги и тоа електронска лична карта, електронска верзија на возачката дозвола, што се преземаат од базите на Министерството за внатрешни работи, како и обрасците М1, М2 и М4.

- Планот е да ги детектираме услугите на порталот uslugi.gov.mk кои се најкористени и да ги префламе една по една на мобилната апликација. Во моментот ниедна апликација во Македонија нема можност за плаќање, и на тоа работиме во периодот што следи. Се надевам дека ќе успееме. Штом тоа го успееме ќе ги внесуваме апликациите што се со административна такса. Во моментов ќе внесуваме апликации кои не бараат од вас да платите - изјави министерот за дигитална трнасформација Стефан Андоновски на денешната промоција на мобилната апликација.

Зборувајќи за искуството од други држави, министерот кажа дека и други државни апликации како мое здравје, мојот данок, мој ДДВ, локална самоуправа се надградувале и оти очекува дека тоа ќе се случува и кај нас во периодот што следи.

Сите институции што имаат објавено своја услуга на Националниот портал uslugi.gov.mk сметаме дека се подготвени да бидат и на м-услуги. - Тие и во моментов не забележуваат од каде им доаѓа барањето за конкретната услуга. Тоа го работиме ние. Оние услуги кои немаат внатрешни системи со коишто работиме ќе им треба повеќе време да стасаат - рече министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk