ПРИЈАВА ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ - Кривична против три лица и фирма

Vecer | 11.11.2026

ПРИЈАВА ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ - Кривична против три лица и фирма
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственик и управител на правно лице, едно ополномоштено лице како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик.

Првопријавениот Т.П., во својство на ополномоштено лице во соработка со второпријавената З.П. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект-во стечај, свесно и со однапред утврдена намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, во текот на 2022 и 2023 година, преземале дејствија со кои избегнале пресметување, пријавување и плаќање на законски утврдените даночни обврски.

Имено, без соодветно покритие подигнале парични средства од сметката на правното лице во износ од 8.912.345 денари, не ги евидентирале дадените позајмици кон физички лица во вкупен износ од 21.742.806 денари како непризнаени расходи за даночни цели во даночните биланси, ниту ги прикажале застарените обврски во износ од 148.489.312 денари како приходи во даночниот биланс за 2023 година на правното лице. Дополнително, неосновано присвоиле трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 14.937.751 денари, без да ги подмират соодветните даночни обврски.

Со ваквите дејствија, пријавените избегнале пресметување, пријавување и плаќање данок на личен доход, данок на добивка и данок на додадена вредност во вкупен износ од 23.252.988 денари, со што го оштетиле Буџетот на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk