Дваесетина дуќани со текстилна и друга роба изгореа во пожар што избувна рано изутрината во трговски центар во Шуто Оризари. Нема повредени лица, а пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, соопшти МВР.
- Околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени над 20 дуќани со текстилна и друга роба, сопственост на С.С., кој ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.
Од ЦУК претходно информираа дека интервенирале 15 пожарникари и шест противпожарни возила кои го гаселе пожарот од 03:30 до 06:45 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата