logo
logo
logo

МВР ГИ ЧЕШЛАШЕ ТРОТИНЕТИТЕ И МОТОЦИКЛИСТИТЕ: Речиси 200 казни за брзо возење, возење без шлем и надвор од патеките

Vecer | 11.09.2026

МВР ГИ ЧЕШЛАШЕ ТРОТИНЕТИТЕ И МОТОЦИКЛИСТИТЕ: Речиси 200 казни за брзо возење, возење без шлем и надвор од патеките

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, вчера во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги чинат возачите на лесни електрични возила, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

-Во рамки на засилените контроли, констатирани се 152 прекршоци кај возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, при што најголем дел, односно 120 прекршоци, се однесуваат на некористење заштитен шлем. При контролата на лесните електрични возила констатирани се 33 прекршоци најголем број поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти, информира МВР.

Од вкупниот број прекршоци, најголем дел се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 45, потоа СВР Тетово – 26, СВР Велес и СВР Струмица по 25, СВР Охрид – 20, СВР Штип – 13, СВР Скопје – 12, СВР Куманово – 10 и девет од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Во текот на контролата констатирани се и 443 прекршоци од друг вид. Поднесени се и пет кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk