logo
logo
logo

Акција на МВР и Обвинителството: СЕ ИСТРАЖУВА НЕЗАКОНСКО ИЗДАВАЊЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ И АВТОБУСИ

Vecer | 11.09.2026

Акција на МВР и Обвинителството: СЕ ИСТРАЖУВА НЕЗАКОНСКО ИЗДАВАЊЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ И АВТОБУСИ

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека спроведуваат акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Од Обвинителството соопштуваат дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР.

Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик, појаснуваат од Обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk