logo
logo
logo

ОПОЗИЦИЈАТА И СОФИЈА НА ИСТА ЛИНИЈА ЗА ИВА - Мицкоски со остри обвинувања

Vecer | 15.10.2026

ОПОЗИЦИЈАТА И СОФИЈА НА ИСТА ЛИНИЈА ЗА ИВА - Мицкоски со остри обвинувања

Премиерот Христијан Мицкоски упати жестока порака до домашната опозиција и властите во Софија, истакнувајќи дека нивниот синхронизиран напад и идентични ставови за случајот со Ива Михајлова јасно откриваат дека зад целата операција стои координирана политичка хајка.

Мицкоски подвлече дека крајната цел на овој фабрикуван скандал не е ниту здравјето ниту правдата, туку обид за вештачко кревање политички теми и рушење на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција.

Премиерот јавно ги прозва опозициските лидери и бугарските функционери итно да ги вратат бегалците доколку нивните тврдења се искрени.

„Намерата е да се создаде политичка тема која што тие претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ да бидам попрецизен, и на тој начин ќе обезбедат одреден бенефит за опозицијата која што има буквално идентичен став како што има раководството на Бугарија. ​Еве ако е тоа така договорено, ние ја бараме назад и нејзе, и нејзиниот родител, уште денеска да ги донесат и да видиме дали е тоа така договорено или не е тоа така договорено“,  истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk