logo
logo
logo

„ЌЕ ИЗЛЕЗЕШЕ ВИСТИНАТА НА ВИДЕЛИНА“ - Клековски со оценка за бегството на Михаилова

Vecer | 14.10.2026

„ЌЕ ИЗЛЕЗЕШЕ ВИСТИНАТА НА ВИДЕЛИНА“ - Клековски со оценка за бегството на Михаилова

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај. 

- Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. ​Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај - вели Клековски. 

Инаку, против Ива Михајлова се води судски процес во судот во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици. Таа во текот на судскиот процес се жалеше на дискриминација поради нејзиното двојно државјанство, и македонско и бугарско, односно дека не ѝ е дозволено да се лекува во соседна Бугарија. Татко ѝ Симеон Михајлов исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот „Детонатор“. Во моментот македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михајлов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk