ТАТКО ГО КАМШИКУВАЛ 12 ГОДИШНИОТ СИН - Монструозно насилство ја шокира јавноста во Виена

Vecer | 05.11.2026

ТАТКО ГО КАМШИКУВАЛ 12 ГОДИШНИОТ СИН - Монструозно насилство ја шокира јавноста во Виена

Во судот во Виена започна потресно судење за случај на семејно насилство што ја шокираше австриската јавност. На обвинителната клупа се наоѓа 42-годишен државјанин од Сирија, татко на три момчиња (на возраст од 12 до 17 години), кој со години на најбрутален начин ги мачел и тепал сопствените деца поради ситници, како што се школски проблеми, детски инат или возење велосипед без дозвола.

Според зборовите на државната обвинителка, станува збор за ниво на насилство и злоупотреба што е незабележано и во судската пракса. Децата пред надлежните органи опишале стравични ритуали, наведувајќи дека таткото правел паузи за време на тепањето – не за да им помогне на децата, туку за да се одмори од ударите. Како оружје користел раце, ремени и кабли од полначи.

Трагичниот врв на насилството се случил на 12 јули, кога 12-годишниот син возел велосипед спротивно на строгата забрана од таткото и бил удрилен од автомобил. Иако момчето за среќа поминало без повреди од сообраќајката, тоа било само повод за лудило кај таткото. Наместо да го прегрне и утеши, тој го мачел и го тепал детето непрекинато пет часа и половина.

Монструозното мачење било прекинато дури откако соседите ги слушнале плачот и вресоците и ја повикале полицијата, по што таткото бил веднаш уапсен. Форензичкиот патолог бил во шок кога ги видел фотографиите од 12-годишното момче, кое имало повеќе од 100 трагови од бичување и удари по целото тело. Во судницата се поставило и прашањето каде била 40-годишната мајка за време на повеќечасовното мачење, при што било откриено дека таа едноставно го свртела погледот и не повикала брза помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk