Во соопштението се наведува дека најмалку 20 китови се насукале долж брегот кај Нгави, во близина на Кејп Палисер – најјужната точка на Северниот остров.
Досега, два кита се успешно вратени во морето. Како што пренесе „Радио Нов Зеланд“, локалните жители изјавиле дека во текот на ноќта на брегот се насукале околу 50 китови.
Повеќето угинаа од здобиените повреди, а волонтерите се обидуваат да ги одржат во живот останатите и да им помогнат да се хидрираат, користејќи кофи со вода и крпи.
Насукувањето на китови е честа појава долж бреговите на Нов Зеланд и Австралија. Големи популации на китови-пилоти живеат во длабоките океани околу овие островски земји, но сè уште не е познато зошто поединци од овие видови завршуваат насукани на брегот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата