Силно торнадо со брзина на ветерот од околу 126 километри на час го погоди градот Шапеко во бразилската сојузна држава Санта Катарина, предизвикувајќи голема материјална штета и хаос во сообраќајот.
Најтешко е погоден меѓународниот аеродром „Серафим Енос Бертасо“, каде што разорниот ветер ги откорна металните покриви, ги уништи фасадите и стаклените панели на терминалите и хангарските конструкции, оставајќи разлетан отпад низ целата писта. Поради уништената инфраструктура, операторот „Voe Xap“ веднаш ги запре сите доаѓања и заминувања на авиони и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека инспекциските екипи не ја проценат безбедноста.
Невремето направи штети во најмалку 18 општини ширум државата Санта Катарина. Покрај аеродромот, оштетени се бројни стамбени објекти, прекинати се линии за снабдување со електрична енергија и предизвикан е голем застој во сообраќајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата