Со години важеше правилото дека доаѓањето на нов телефон автоматски ја намалува цената на претходните модели. Apple штокуку направи целосен пресврт и ги покачи цените на постарите модели за најмалку 100 евра. Купувачите кои чекаа попусти сега мора да платат повеќе од претходно.
Покрај новиот iPhone 18 Pro модел кој пристигна со повисока цена, поскапеа и iPhone 17 и постариот iPhone 16. Одлуката го изненади пазарот бидејќи се очекуваше постарите уреди да станат попристапни.
Овој скок на цените нема веднаш да се прелее во сите продавници. Трговците кои сè уште имаат стари контингенти на залиха ќе ги продаваат по претходните, поповолни цени.
Кога ќе се потрошат постојните залихи, новата набавка пристигнува по повисоки цени. Тоа значи дека трговците ќе имаат многу помал простор за големи празнични намалувања пред крајот на годината.
Главната причина за овој потег лежи во глобалниот недостиг на меморија. Производителите се соочуваат со сериозни проблеми во синџирот на снабдување кои нема толку брзо да се решат.
Проблем што ќе трае со години
Проценките покажуваат дека кризата со компонентите ќе продолжи и во текот на 2027 година. Поради тоа, навиките на купувачите се принудени од корен да се променат.
Времињата кога претходната генерација телефони се купуваше по значително пониска цена полека остануваат зад нас. Секој што планира набавка ќе мора брзо да реагира додека продавниците не ги испразнат старите залихи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата