logo
logo
logo

AITONIX го претставува AITONIX Direct - ново онлајн искуство за купување технологија

Vecer | 10.09.2026

AITONIX го претставува AITONIX Direct - ново онлајн искуство за купување технологија

Внимателно избрани технолошки производи, едноставно корисничко искуство и сигурноста на бренд со повеќе од 25 години искуство.

AITONIX ја претстави AITONIX Direct, нова онлајн платформа создадена со цел да им овозможи на корисниците брз и сигурен пристап до внимателно избрани производи од светот на технологијата.

Со AITONIX Direct, компанијата го надградува своето дигитално присуство и го доближува своето долгогодишно искуство и технолошка експертиза до крајните корисници. Платформата е развиена со фокус на современо корисничко искуство, едноставна навигација и јасен пристап до производи од познати светски технолошки брендови.

Понудата на AITONIX Direct опфаќа технологија за различни аспекти од секојдневието - од телевизори, монитори, смартфони, аудио уреди и паметни часовници, до мали апарати за домот и кујната, решенија за подобар квалитет на воздухот, уреди за нега и убавина и производи за миленици. На тој начин, платформата на едно место обединува внимателно избрани производи кои ја прават технологијата практичен дел од современиот начин на живот.

AITONIX Direct претставува дополнителен дигитален канал во рамки на поширокото портфолио на компанијата и природно надополнување на нејзините постојни активности. AITONIX продолжува да биде фокусиран на своите основни области - ИТ дистрибуција, технолошки решенија, сајбер-безбедност, развој на софтвер и професионални ИТ услуги - додека преку AITONIX Direct создава уште една допирна точка со корисниците и современиот начин на избор и купување технологија.

На едно место, корисниците можат лесно да истражуваат, споредуваат и избираат производи според своите потреби, со сигурност дека зад платформата стои компанија со долгогодишно присуство и искуство во ИТ индустријата.

Со AITONIX Direct го следиме начинот на кој се менуваат потребите и навиките на современите корисници и создаваме нова дигитална допирна точка со брендот AITONIX. Нашата цел е да понудиме едноставен и сигурен пристап до внимателно избрани технолошки производи и корисничко искуство кое одговара на современиот начин на купување. Притоа, во AITONIX Direct ги пренесуваме истите принципи на квалитет, сигурност и професионалност врз кои нашата компанија го гради своето работење повеќе од 25 години., вели Катерина Димитровска, Marketing & Corporate Affairs Manager во AITONIX.

AITONIX е една од етаблираните и препознатливи технолошки компании во регионот, со повеќе од 25 години искуство во областа на ИТ дистрибуцијата, технолошките решенија, сајбер-безбедноста, развојот на софтвер и професионалните ИТ услуги. Преку долгогодишни партнерства со водечки светски технолошки компании, меѓу кои Acer, Dell Technologies, Lenovo, Motorola, Lexmark, Philips и Xerox, компанијата ги поврзува глобалните технологии со силна локална експертиза и длабоко познавање на регионалните пазари.

Освен на македонскиот пазар AITONIX има присуство и на пазарите во Бугарија и Србија и континуирано инвестира во развој на своето портфолио, услуги и дигитални решенија. AITONIX Direct е дел од тој развој на македонскиот пазар, каде платформата моментално е достапна за крајните корисници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk