logo
logo
logo

Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прави МАКЕДОНИЈА ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Vecer | 09.09.2026

Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прави МАКЕДОНИЈА ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во обраќање на настан за реализација на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата Алказар во Штип. 

Николоски оцени дека оваа инвестиција е доказ за визијата за енергетска стабилност но и оти Владата посветено и партнерски работи со инвеститорите. 

- Вчера прославивме триесет и пет години на независност на Македонија. Утрото го отворивме реконструираниот Охридски аеродром, вечерта сите се забавувавме на убавата електронска музика на Дејвид Гета, денеска почнуваме ветрен парк — мислам дека подобар доказ дека државата има модерна иднина, иднина којашто е во чекор со 21-виот век. Комбинацијата на одржлив транспорт, на зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот.​Ќе продолжиме да го поддржуваме проектот, вложивме многу во изминатиот период под водство на премиерот Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, градоначалниците на Штип, на Карбинци, на Радовиш, тимовите на Министерството за транспорт, на Катастар, Министерството за земјоделие, Министерството за животна средина. Самото тоа што денес сме тука, а за три години и ќе го пуштиме овој ветрен парк е најдобар доказ за вашата работа - изјави заменик претседателот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk