logo
logo
logo

Статистика

Инфлацијата во август 2026 година во однос на претходниот месец е 0.4 %

Vecer | 09.09.2026

Инфлацијата во август 2026 година во однос на претходниот месец е 0.4 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, изнесува 0.4 %.

Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 3.1 %, Ресторани и услуги за сместување за 2.5 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.6 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.2 %.

Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 0.8 % и Облека и обувки за 0.3 %.

Трошоците на животот во групите: Здравствена заштита, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Информации и комуникации, Услуги за образование и Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во август 2026 година во однос на јули 2026 година изнесува 99.8.

Индексот на трошоците на животот во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.3 %.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk