Многумина веруваат дека глумењето во култната серија „Сексот и градот“ е чиста забава, но славната актерка открива колку труд и емоции всушност стојат зад таа улога.
Многу обожаватели на серијата „Сексот и градот“, ликот на Кери Бредшо го доживуваат како ведра и донекаде површна новинарка, која шета низ Њујорк со скапи чевли, пие коктели и ги чува личните работи во рерната. Поради ваквата слика, новинарите со години ја прашуваа актерката Сара Џесика Паркер колку ѝ било забавно толкувањето на оваа улога.
За фрустрациите
Паркер открива дека прашањата за таа улога од новинарите низ годините почнале да ја фрустрираат, бидејќи сугерирале дека играњето во една таква серија не бара никаков труд. Публиката и медиумите честопати гламурозниот стил на живот на Кери Бредшо го поистоветуваа со леснотијата на самата актерска задача, заборавајќи колку емоции се потребни за истата.
Мислеа дека тоа за мене не е „работа“
Актерката потсетува дека Кери, и покрај својата љубов кон модата, била длабоко емотивна – правела грешки, но истовремено изградила успешна кариера како колумнист и автор.
„Тоа беше актерска улога. Кери беше длабоко емотивна личност; правеше грешки, беше ранлива, забавна, паметна и скршена. Луѓето мислеа дека, за мене, тоа не е ’работа‘. Размислете добро за сето тоа, а потоа прашајте ме дали тоа е само ’забава‘, или, пак, сакате сериозно да поразговараме за тоа дека сум актерка“, објасни Паркер во една прилика.
Таа нагласува дека општеството сè уште често ги потценува темите што традиционално се поврзуваат со жените, како што се модата или романтичните врски, сметајќи ги за помалку важни.
Сепак, ликот на Кери поминува низ бројни подеми и падови, тешки раскинувања и емоционални превирања во текот на шесте сезони; прикажувањето на сите овие нијанси на екранот е сè друго освен едноставна задача, и за која е потребна сериозна актерска посветеност.
Извор: 24sedam.rs
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата