Џенифер Лоренс повторно привлече внимание со својата искреност, овојпат зборувајќи за естетските интервенции на кои се подложила по двете бремености. Актерката во гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен откри детали за новите импланти во градите, па дури и го пофали хирургот кој ја оперирал.
Разговорот започна со рубриката „Hot Takes“, во која се коментираше необичната приказна за Хејли Гласман од реалното шоу „The Real Housewives of New York“. Таа раскажала дека си го скршила носот удирајќи во градите на друга жена.
Коен ја прашал Лоренс дали ѝ е чудно како нечии гради можат да предизвикаат таква повреда.
– Да, а јас имам импланти. Нови се – одговори актерката, која потоа го пофали и својот хирург, д-р Стивен Тејтелбаум од Санта Моника.
Кога водителот ја праша за големината, таа откри дека станува збор за полна корпа Ц, додавајќи дека имплантите се со иста големина како и претходно. Во продолжение на разговорот се пошегува дека и самата скршила два носа.
Промени на телото по првото и по второто дете
Подетално за естетските промени зборуваше и во интервју за магазинот „The Cut“, објавено во октомври. Тогаш потврди дека направила подигнување на градите по раѓањето на второто дете. Објасни дека по втората бременост нејзиното тело не се вратило во претходната состојба, за разлика од првиот пат.
– По првото дете, речиси сè се врати во нормала. По второто, ништо не се врати – изјави таа претходно за „The New Yorker“.
Лоренс, која со сопругот Кук Марони има два сина, не крие дека сака да се чувствува добро во своето тело и дека нема предрасуди кон естетската хирургија.
– Сакам да бидам секси мајка. Кога ќе го носам детето на училиште, сакам да изгледам како жена која има сè под контрола, дури и кога штотуку сум станала од спиење и всушност ништо не ми е под контрола – вели актерката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата