Истрагата за смртта на актерката Хајден Панетиер, поранешна партнерка на украинскиот боксер Володимир Кличко, со кого ја има ќерката Каја, е завршена. Полицијата во Гринвил, Јужна Каролина, потврди дека она што се случило на 16 август на нејзини 36 години било несреќен случај. Резултатите од токсикологијата откриле фатална комбинација од неколку различни супстанции во нејзиното тело.
Анализата покажала присуство на екстремно моќниот синтетички опиоид фентанил, како и на лековите алпразолам, метокарбамол и кветиапин.
Да потсетиме, актерката беше пронајдена во несвесна состојба во стан во Гринвил, каде што привремено престојувала. Во станот биле присутни и нејзиниот партнер Брајан Хикерсон и неговиот брат Зак.
На местото на настанот биле пронајдени дрога и прибор за нејзино конзумирање. Според извештајот од Канцеларијата на судскиот вештак на округот Гринвил, кој го објави „Пејџ сикс“ (Page Six), на масата до неа биле пронајдени мелени таблети и сламка.
Бел прав бил пронајден и во кутија за очила за сонце во куферот на актерката.
Зак ја пронашол во несвест, по што неуспешно се обидувал да ја реанимира сè додека не пристигнала брзата помош. И покрај сите обиди за реанимација, лекарите не успеале да ја спасат, објави списанието „Стори“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата