Фото: Ѕвезда од „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“

Vecer | 28.10.2026

Фото: Ѕвезда од  „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“

Американската серија „Чувари на плажата“ се прикажуваше 10 години – од 1989 до 1999 година.

Таа се емитуваше во 148 земји и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана телевизиска програма.

Сите се сеќаваат на воведната шпица, но и на убавите актерки во црвени костими за капење.

Меѓу нив е и актерката Ерика Еленијак, која денес има 56 години и не заработува од глума. 

Русокосата Ерика имала само 20 години кога започнало снимањето. Во тоа време, актерката била многу популарна, а во 1989 година дури била прогласена за „жена на месецот“ во списанието „Плејбој“.

Зад себе има два брака, кои завршиле со развод.

Таа се мажела двапати – во 1998 и 2005 година, а во 2006 година добила ќерка.

Од пред неколку месеци, таа е активна на платформата „Онлифанс“ (OnlyFans), а „TMZ“ пишува дека за три месеци заработила 300.000 долари.

Извори блиски до поранешната актерка откриваат дека „бизнисот цвета“ и дека таа заработува по 10.000 долари неделно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk