Холивудската ѕвезда Шерон Стоун веќе подолго време е во целибат, а сега зборуваше за тоа зошто поставила нови стандарди, односно зошто повеќе не прифаќа компромиси кога станува збор за нејзиниот љубовен живот.
Во разговорот со актерката Маим Биалик во нејзиниот подкаст, таа раскажа како дошла до точка во животот кога повеќе не прифаќа површни односи, бидејќи тоа не ја интересира. Децата ѝ се пораснати и повеќе не ѝ е потребна површна ниту минлива врска, туку партнер кој ќе биде со неа до крајот на животот.
„Во целибат сум бидејќи сакам да бидам само со некој до кого ми е навистина грижа. Барам некој што ќе ми биде сопатник, а не само некој за секс. Тоа ми стана досадно“, изјави актерката искрено.
Во подкастот се допреа и до нејзиното љубовно минато, при што Шерон раскажа каква била во врските.
„Многу сум добра девојка, партнерка... но одамна не сум ја имала таа улога. Бев во врски со лоши мажи, но и со добри. Имав и среќа и несреќа, а понекогаш воопшто ја немав. Веќе долго време немам ни малку среќа“, низ смеа заклучи Шерон Стоун.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата