logo
logo
logo

Кој е луд, а кој е збунет

Чаир, Ченто, Арачиново и Шутка КОПААТ БИТКОИНИ И ТРОШАТ СТРУЈА ПЕТОДУПЛО

Vecer | 12.06.2021

Чаир, Ченто, Арачиново и Шутка КОПААТ БИТКОИНИ И ТРОШАТ СТРУЈА ПЕТОДУПЛО

Македонците најмногу копаат биткоини, криптовалути, со последната генерација на компјутери, одредени само за таа намена, во скопските населби Чаир, Ченто и Шутка, како и во Тетово и Арачиново, според податоците на ЕВН, објави Гласот на Америка.

Овие компјутери наменети за копање на криптовалути троши многу електрична енергија и сериозно ја оптоварува мрежата, а од ЕВН велат дека потрошувачката особено скокнала пролетва.

„Едно домаќинство, ако има потреба од одредена потрошувачка, доколку инсталира компјутери што копаат криптовалути, тоа значи дека може да потроши енергија за 20 или за 30 домаќинства, што го нарушува напојувањето на сите соседни корисници на таа напојна точка“, вели Ленче Карпузовска, менаџерка на Оддел за комуникации во ЕВН.

Евидентирана е и појава на паралелни диви приклучоци, со паралелни кабли со многу поголеми пресеци и така ја крадат и дистрибуција и ја нарушуваат целата околина за да се избегнат високите сметки, кои за копање криптовалути често се пресметуваат и во стотици евра. Дополнително можат да настанат проблеми и од типот на пожар или да се запали инсталација што не е соодветна за таа потрошувачка.

Познавачите велат дека растот на потрошувачката, меѓу другото е поради новиот тренд кај помладите да „копаат“ криптовалути на своите компјутери дома. Овој тренд е во постојан раст во сите земји, па така во Исланд количината потрошена струја на компјутери за копање крипотовалути, каде има и цели фабрики за тоа, ја надмина онаа што ја користат домаќинствата.

За овој проблем за енормна потрошувачка на електрична енергија од оваа причина алармираше и Регулаторната комисија за енергетика.

КОПАЊЕ БИТКОИНИ, поедноставеното разбрано, е користење компјутери и моќни графички карти со висока потрошувачка на стрија кои служат за решавање на софтверски и математички процеси за некоја намена. Тој процес може да се одвива на свои компјутери кои се вклучуваат во некој голем систем или, пиратски, со недозволен влез во туѓи компјутери или сервери каде се користат нивните ресурси без знаење на сопственикот.

Резултатот од Bitcoin рударството е двојно. Прво, кога компјутерите ги решаваат овие сложени математички проблеми во мрежата Bitcoin, тие произведуваат нови биткоини. И второ, со решавање на компјутерски математички проблеми, Bitcoin рударите ја прават BitCoin платежна мрежа доверлива и безбедна со потврдување на своите трансакции информации.

Со еден збор речено - ги ставате своите компјутерски ресурси или од компјутерите на кои пираткски сте им влегле и ги користите за свои потреби во системот на Биткоин и заработувате затоа што сте им ги рентирале. Овој процес троши многу струја и, кај нас, типично е дека копањето биткоини најмногу се применува во општините кои имаат најмал степен на плаќање за потрошена струја, каде има најмногу диви приклучоци и неплаќачи на потрошена електрична енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk