Русите наводно платиле двајца Данци да убијат украински рапер

Vecer | 20.11.2026

Русите наводно платиле двајца Данци да убијат украински рапер
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Оваа информација ја објави данската телевизија ДР, повикувајќи се на податоци од судското рочиште, пренесува Ројтерс.

Полицијата спречила обид за атентат и уапсила двајца мажи непосредно пред концертот на раперот познат како „Киевстонер“. Настапот бил закажан за 25 септември, но бил откажан по апсењата. Данската телевизија известува дека двајцата мажи пред судот изјавиле оти не се чувствуваат виновни.

Поради сомневањата за планиран атентат, најавени се прес-конференции на Данската безбедносна и разузнавачка служба (PET), министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерот за правда Николај Вамен.

Нејасни детали од истрагата

Данската безбедносна служба „PET“ уште во септември предупреди дека Русија се обидува да регрутира дански државјани за планирање саботажи против одбранбени компании кои соработуваат со Украина. Сè уште не е познато како полицијата ги идентификувала двајцата осомничени, кои биле запрени во возило во кое имало повеќе парчиња оружје.

Не е разјаснето на кој начин руските разузнавачки служби наводно ги регрутирале двајцата дански осомничени.

Извор: Индекс.хр

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk