logo
logo
logo

Нов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен член

Vecer | 18.09.2026

Нов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен член

 „Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс.

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“.

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ.

„Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“

Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk