ВЕНС ХРАБРО ДАДЕ ДЕФИНИЦИЈА ЗА ПОРАЗОТ, и по ова нема потреба од други анализи

Vecer | 04.11.2026

ВЕНС ХРАБРО ДАДЕ ДЕФИНИЦИЈА ЗА ПОРАЗОТ, и по ова нема потреба од други анализи

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс оцени дека војната во Иран е главната причина за тешкиот пораз на републиканците на среднорочните избори во Соединетите Американски Држави, наведувајќи дека многу гласачи кои го поддржаа американскиот претседател Доналд Трамп и него на изборите во 2024 година гласале за демократите оваа година.

„Вистинската причина за нашиот пораз е очигледна за речиси сите. Изгубивме поради војната. Самиот претседател го кажа тоа синоќа“, напиша Венс на Платформа X, оценувајќи дека секоја сериозна дискусија за иднината на Републиканската партија мора да започне со анализа на последиците од војната, пренесува CNN.

Тој истакна дека проблемот не е само во излезноста, туку и во фактот дека многу гласачи кои го поддржаа републиканскиот претседателски дуо во 2024 година гласаа за демократите на среднорочните избори оваа година.

Тој ги наведе растечките трошоци за живот и односите на САД со Израел како дополнителни причини за незадоволство.

Венс предложи четири чекори за враќање на тие гласачи: завршување на војната во Иран, фокусирање на инфлацијата и трошоците за живот, враќање на политиката „Америка на прво место“ и промена на односот на Вашингтон со Израел.

Американскиот потпретседател ја критикуваше и економската порака на републиканците за време на кампањата, оценувајќи дека не била доволно јасна и призна дека очекувал неповолен изборен резултат, но дека обемот на поразот го изненадил.

Неговите изјави се толкуваат и како обид да се придобие изолационистичкото крило на движењето MAGA, чии поддржувачи го поддржаа Трамп поради неговото ветување дека САД нема да влегуваат во нови војни во странство.

Ванс сè уште не одлучил дали ќе се кандидира за претседател во 2028 година, но се смета за еден од можните републикански кандидати, според CNN.

Аналитичарите велат дека поврзаноста со непопуларната војна може да биде проблем за сите потенцијални републикански претседателски кандидати во 2028 година, вклучувајќи ги Венс и државниот секретар Марко Рубио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk