Париската полиција синоќа, трета ноќ по ред, се судри со демонстрантите кои се обидуваат да извршат притисок врз пратениците да ја урнат владата на Макрон и да го осудат непопуларното зголемување на старосната граница за пензионирање што тој се обидува да го наметне без гласање во националното собрание.

„Макрон, оставка! И „Макрон ќе се распадне, ние ќе победиме“, скандираа демонстрантите додека несобраното ѓубре остана да мириса на улиците на Париз и пошироко, среде штрајкот на комуналните работници.

Полицијата употреби солзавец и се судри со некои од толпата, а беа запалени и корпи за отпадоци.