Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека за да се одржат избори во Украина, Русија мора да ја запре војната.
Калас го изјави ова коментирајќи го повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за одржување претседателски избори во Украина, пишува European Justice.
Во разговор со новинарите пред состанокот на Советот на ЕУ, таа истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласил дека во случај на прекин на огнот, тој е подготвен да одржи избори што е можно поскоро.
„Речиси секој устав предвидува дека изборите не можат да се одржат кога има војна. И, како што јас разбирам, претседателот Зеленски, исто така, изјавил дека ако има прекин на огнот, тој е подготвен да одржи избори што е можно поскоро“, рече Калас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата