Најмалку три лица загинаа, четири се повредени, а 36 работници се водат како исчезнати по големиот пожар што избувнал во фабрика за слатки во западниот дел на островот Јава во Индонезија.
Пожарот избувнал синоќа, а денеска продолжува акцијата за пребарување и спасување, пренесува Ројтерс.
Според досегашните информации, спасени се 15 лица, од кои четири биле пренесени во здравствени установи поради здобиените повреди.
Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната.
На видеоснимките од местото на настанот може да се види колкав е размерот на пожарот. Густ црн чад се издигнува над фабриката, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите работници.
Акцијата за пребарување и спасување е во тек, а засега нема дополнителни информации за нивната судбина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата