МАСОВНА ЕВАКУАЦИЈА ВО УКРАИНА, Киев бара помош од Трамп

Vecer | 21.11.2026

МАСОВНА ЕВАКУАЦИЈА ВО УКРАИНА, Киев бара помош од Трамп
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Киев достави предлог до Соединетите Американски Држави за организирање хуманитарна мисија за евакуација на жителите од 15 населени места во Херсонската и Запорожската област, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што е наведено, станува збор за населби во привремено окупираните територии на Херсонската и Запорожската област, за кои Украина предлага да се организираат хуманитарни мисии по моделот на евакуацијата од Олешки.

Зеленски уште еднаш изрази благодарност до сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп, за евакуацијата на украинските граѓани од Олешки, објавува „Украинска правда“.

„Разговаравме со врховниот командант на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати, а денес уште еднаш го потврдивме списокот. Разговаравме со него детално за овие хуманитарни мисии, за бројот на луѓе што можеме да ги евакуираме и какви искуства имаме“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина, исто така, изјави дека ажурираниот список на населени места веќе е доставен до украинскиот омбудсман и до американската страна.

На крајот на октомври, во Олешки беше спроведена хуманитарна операција со посредство на САД.

Неколку стотици луѓе беа евакуирани од градот, а хуманитарна помош им беше доставена на оние кои сакаа да останат таму.

Русија и Украина за период од два дена го прекинаа огнот во областа за време на траењето на мисијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk