Вчера повеќе од еден милион луѓе излегоа на улиците низ Франција , од кои 119.000 во Париз, според бројките на министерството за внатрешни работи, пренесува „Би-Би-Си“.

Полицијата употреби солзавец кон демонстрантите во главниот град, а 80 лица беа уапсени низ целата земја. Демонстрациите беа поттикнати од легислативата со која се зголемува старосната граница за пензионирање за две години на 64 години.